26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz го покажа караванот E-Class (фото+видео)

Mercedes-Benz го покажа караванот E-Class (фото+видео)

kara e 00

„Mercedes-Benz“ официјално ја претстави новата генерација на караванот „E-Class“. Како и неговиот претходник, и овој исто така е опремен со дополнителен, трет ред седишта наменети за деца, а тие се свиткуваат во подот на багажникот и се ставаат наспроти насоката на движење.

kara e 01

Волуменот на багажникот на новото возило е 670 литри, што е за 25 литри помалку од тоа на претходниот модел, но во исто време е со 105 и 110 литри повеќе од тоа на конкурентите „Audi A6 Avant“ (565/1680 литри) и „BMW Series 5 Touring“ (560/1670 литри). При поместување на задните седишта просторот за товар се зголемува до 1820 литри или за 135 литри помалку од сега.

kara e 02

Седиштата се во пропорции од 40:20:40. Задната врата е електрична и може да се отвори без контакт – само со движење на ногата под задниот браник. Ова му олеснува на возачот, ако неговите раце се зафатени.

kara e 03

Уште во основната опрема караванот „E-Class“ добил воздушно потпирање со регулирање на височината. Носивоста на возилото е 745 кг, а тежината на повлекувања на седиштата може да достигне до 2.100 кг.

kara e 04

Модификација ќе се појави на пазарот со 3 дизел мотори – два 2,0-литарски со 4 цилиндри кои развиваат 150 и 194 КС, како и со 3.0-литарски V6 со моќност од 258 КС и 620 Нм вртежен момент.

kara e 05

Бензинските агрегати се два 2,0-литарски со 4 цилиндри, нудејќи 184 КС и 211 КС, како и два V6. Првиот е 3,5-литарски со 333 КС, а тој ќе биде дел од верзијата „E 400 Matic“. Најмоќниот е со 401 КС, тој е наменет за „E 43 4Matic“. Оваа верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,7 секунди.

kara e 06

Како опција за новиот караван „Е-Class“ ќе биде достапен систем за забава „plug & play“ за патниците кои се возат на задните седишта. Тој претставува два „iPad“-а лоцирани на потпирачите за грб на предните седишта со соодветната програма.

kara e 07

Освен тоа, во опремата на моделот ќе биде вклучен адаптивен круз-контрол, одржување на растојанието до предното возило при брзина од 210 км/ч, а исто така и систем за автоматско паркирање, при што возачот може да се наоѓа надвор од возилото, индикациските техники, како и аудио „Burmester“ со 23 звучници.

kara e 08

Со доплата клиентот може да го добие пакетот „Accoustic Comfort Package“, кој ја подобрува звучната изолација, како и специјално покривање на стаклата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП