18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве графики кои го оправдуваат зголемувањето на каматите од ФЕД

Две графики кои го оправдуваат зголемувањето на каматите од ФЕД

grafed 00

Во последното јавно појавување пред официјалната средба на ФЕД за камататните стапки, Џенет Јелен коментира дека зголемување на каматите ќе има, но како да беше многу внимателна да не дава конкретни знаци кога ќе се случи тоа.

Објавените податоци кон крајот на минатата недела посочија само 38.000 нови работни места во САД во мај, што во голема мера ги поттикна шпекулациите дека нема да видиме зголемување на каматите во јуни или јули.

Според Јелен сепак инвеститорите не треба да оддаваат прекумерна тежина на еден индикатор и тоа во рамките на месец. Постојат други знаци за доброто претставување на економијата и пазарот на трудот, давани од други индикатори во последните месеци, потсети Јелен.

И ако има два фактори кои во голема мера покажуваат дека американската економија е подготвена за повисоки камати, тогаш тие можат да бидат сумирани во две графики, според пазарните набљудувачи.

Расте плаќањето по час

grafed 01

Плаќањето расте со здраво темпо, а тоа е главниот фактор за инфлацијата во земјата. Просечниот час плата се зголеми за 2,5% на годишна основа во мај, што беше забрзување на растот од околу 2% во последните месеци.

„Платите на вработените се зголемуваат значително. Не само промената на работа од вработените, што е при циклични врвови, но и средниот час плата покажува дека платата се зголемува сериозно во последните месеци“, коментира главниот економист на „RBC“, Том Порсели.

Растот на платите во услови на намалување на невработеноста, покажува дека на пазарот на трудот се чувствува значаен недостиг на „свежа работна сила“.

Долгорочната невработеност се намалува

grafed 02

Второ, како фактор за најава на очекуваното зголемување на каматите, се наведува во долгорочното намалување на невработеноста. Сега едвај 25% од невработените се такви за повеќе од 27 недели. Покрај тоа, нивото на невработеност малку под 5% покажува дека американската економија работи во состојба на речиси целосна вработеност.

„Нивото на невработеност укажува дека сме во состојба на целосна вработеност и е време да се зголемуваат каматните стапки“, според Торстен Слок, аналитичар во „Deutsche Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП