22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо првите четири месеци од годината извозот е зголемен за 9.5%

Во првите четири месеци од годината извозот е зголемен за 9.5%

carina 222222

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 82.624.800 илјади денари и бележи пораст од 9.5% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 116.097.571 илјади денари што е за 4.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 33.472.771 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2016, изнесува 71.2%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-април 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

razstoka 22

Стоковна размена изразена во евра и американски долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 1.339.453 илјади евра, и бележи пораст од 9.3% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.882.193 илјади евра, што е за 4.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 542.740 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 1.489.998 илјади американски долари, и бележи пораст од 9.5% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2.093.891 илјади американски долари, што е за 4.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 603.893 илјади американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП