12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНајмалиот SUV во гамата ќе добие и спортска верзија

Најмалиот SUV во гамата ќе добие и спортска верзија

malisuvaudi22

Кросоверот „Audi Q2“ дебитираше претходно оваа пролет и се уште не излегол на пазарот, но компанијата-производител веќе подготвува негова спортска модификација „SQ2“. Ова го пишува весникот „Auto Express“, кој го цитира техничкиот директор на компанијата Штефан Книрш.

Според негови зборови создавањето на „SQ2“ нема да биде воопшто тешко, бидејќи основниот модел ја дели платформата „MQB“ и многу други компоненти со семејството „Audi A3/S3“. „Надуениот“ теренец ќе го добие моторот на обновениот „Audi S3“. Тоа е 2,0-литарски турбомотор со 310 КС. Според Кирш цената на оваа модификација со највисоко ниво на опрема нема да надминува 45.000 евра.

Во „Audi“ ја разгледуваат и можноста за правење на уште помоќна опција. Тоа ќе биде екстремниот „RS Q2“ кој ќе го добие 2,5-литарскиот агрегат на „RS3“. При претстојното ажурирање на моделот овој мотор ќе биде форсиран до 405 КС, а тоа значи дека најмалиот теренец на „Audi“ ќе биде помоќен од „Mercedes-AMG GLA 45“, чиј 2,0-литарски турбмотор во моментов нуди 381 КС и 475 Нм.

Но пред да биде донесена ваква одлука, треба да биде направено истражување кое ќе утврди дали претставувањето на сличен автомобил ќе биде соодветно. Дури потоа шефовите на „Audi“ ќе дадат „зелено светло“ на проектот, прецизира Штефан Книрш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП