23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Лукоил се намалува со 59% во првиот квартал

Профитот на Лукоил се намалува со 59% во првиот квартал

Lukoil-oil-tanks222

Профитот на руската нафтена компанија „Лукоил“ се намалува со 58,8% до 42,8 милијарди рубљи во првиот квартал, станува јасно од финансиските извештаи објавени на сајтот на руската државна компанија.

Раководството го објаснува овој резултат со најниската цена на нафтата, како и со осцилацијата на курсот на размена помеѓу рубљата и доларот. Тоа делумно било компензирано од намалувањето на даноците, со кои се оданочува ископувањето на нафта, како и надоместоците за извоз.

Во првото тримесечје цената на сортата „Брент“ падна до 33,90 долари за барел спрема 53,90 долари во просек во првите три месеци од 2015-та година. Нагло се намали и цената на рускиот „Urals“ – од 52,90 долари за барел до 32,20 долари, станува јасно од извештаите.

Слободниот готовински тек на компанијата на 31-ви март 2016-та година се намалува за над 42% – до 36,4 милијарди рубљи, наспроти 62,9 милијарди рубљи за првиот квартал од 2015-та година.

„Лукоил“ е меѓу водечките нафтени компании во светот. Нејзините докажани резерви се околу 16,6 милијарди барели нафтен еквивалент. Нејзината главна дејност е истражување, екстракција и преработка на нафта, како и продажба на нафта и петролопродукти.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал ископувањето на нафта од компанијата и нејзините подружници се намалува минимално – со 0,5% до 24,5 милиони тони. Основниот регион каде добива „Лукоил“, останува Западен Сибир.

Производство на нафтени деривати пак расте со 5,6%. Компанијата има четири фабрики во европскиот дел на Русија, како и три фабрики во ЕУ – во Бугарија, Романија и Италија, и држи 45% од капиталот на рафинерија во Холандија.

Производството во рафинериите надвор од Русија се зголемува со 16,6%, дури и во позадината на затворените за поправка капацитети во Италија.

Извозот на нафта се намалува за 4,2% во првиот квартал, станува јасно уште од финансиските извештаи на „Лукоил“. Извозот на нафтен производ е за 6,2 отсто помал. Во Русија сепак има раст на продажбата поради ниските цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП