2 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Ценовната разлика кај смартфоните

График на денот: Ценовната разлика кај смартфоните

telg3

Кога неодамна продажбата на „iPhone“ на „Apple“ почна да покажува знаци за застој, една од најпознатите наведени причини за тоа беше острата ценовна разлика во однос на конкуренцијата.

Иако веројатно е точна претпоставката дека пониска цена ќе ја зајакне продажбата на „iPhone“, прашањето е зошто цената сега е поголем проблем од претходно коментира „Statista“. На крајот смартфоните на „Apple“ секогаш биле поскапи од оние со оперативен систем „Android“, но тоа не го запираше „Apple“ да се претставува повеќе од добро на пазарот, и тоа многу пати во текот на последните неколку години.

Прво, пазарот на смартфони се менува. Во исклучително развиените региони, како Северна Америка и Европа, пазарот е доста заситен – повеќето луѓе кои сакаат смартфон, веќе имаат таков. Голем дел од растот кај смартфоните денес доаѓа од пазарите во развој, каде што цените се поголем проблем.

Во исто време ценовната разлика помеѓу уредите „iPhone“ и „Android“ телефони се проширува значително во текот на годините. Графиконот покажува дека разликата во средните цени на продажба се зголемила од 218 долари во 2008-ма година до 443 долари во 2016-та година.

Иако смартфоните со „Android“ од високата класа, на пример луксузните уреди на „Samsung“, се уште чинат колку еден „iPhone“, постојат бројни производители (претежно од Кина) кои продаваат смартфони со цени во пати помали од оние на „iPhone“.

grafik telefoni 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП