20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООланд предупреди дека постои терористичка закана за ЕУРО2016

Оланд предупреди дека постои терористичка закана за ЕУРО2016

eu

Терористичка закана во текот на европското фудбалско првенство ЕУРО2016 кое ќе започне за неколку дека во Франција постои, но не треба да дозволуваме да бидеме заплашени, изјави во неделата францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Заканата постои, за жал, и тоа уште долго ќе биде случај. Значи треба да се гарантира ЕУРО 2016 да успее“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на радиото France Inter.

Франција е во зголемена состојба на подготвеност од атентатите од ланскиот 13-ти ноември кога беа убиени 130 луѓе и ги „стави во функција сите средства“ за да ја гарантира безбедноста на натпреварувањето, додаде Оланд.

Повеќе од 90.000 жандарми, полицајци и фирми за обезбедување се мобилизирани за да се осигурат стадионите и зоните за навивачите кои би требало да примат околу седум милиони љубители на фудбалот од 10-ти јуни до 10-ти јули.

Оланд рече и дека „постои напредок кон изнаоѓањето решение“ околу протестите на железниците кои траат од вторникот и штрајкот на пилотите најавен за идниот викенд, кои може да ги отежнат патувањето на навивачите меѓу француските градови, како и доаѓањата во земјата.

Додека пред еден месец тесно мнозинство Французи ги поддржуваше протестите организрани против најавените реформи на законот за работни односи со кој се намалуваат правата на работниците, најновата анкета покажува дека сега мнозинство жители се против бранот протести јави Reuters.

Анкетата на BVA спроведена на 2-ри и 3-ти јуни на 1.172 испитаника, покажала дека 54 отсто од Французите се против протестите, додека 45 отсто ги поддржуваат.

„Неколку дена пред почетокот на европското фудбалско првенство, додека никаков излез од социјалната криза не е на повидок, поддршката за протестите спласнува“, вели Ање Баје од BVA.

По повеќе од три месеца преговори, често и насилни протести и бранот штрајкови вклучително и во рафинериите и во нуклеарните централи, социјалистичката влада на Оланд е пред голем притисок да пронајде решение пред почетокот на ЕУРО2016.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП