25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте трговскиот дефицит на САД, но помалку од очекувањата

Расте трговскиот дефицит на САД, но помалку од очекувањата

kontejneri353

Трговскиот дефицит се прошири во почетокот на вториот квартал, но помалку од очекувањата. Вредноста расте со 5,3% до 37,4 милијарди долари во април, откако во март забележа најниско ниво од декември 2013-та година, покажуваат податоците на Министерството за трговија, цитирани од „WBPonline“. Очекувањата на пазарите беа за далеку поголема вредност – 41,9 милијарди долари.

Весникот посочува дека помалиот дефицит во споредба со прогнозите се должи главно на годишни ревизии на податоците кои властите ги направиле со овој извештај и кои влијаат на податоци до јануари 2013-та година.

Дефицитот во април е помал од просечната вредност во првиот квартал (40,6 милијарди долари). Ова покажува дека во почетокот на вториот квартал се забележува позитивен придонес кон БДП-то од страна на трговијата.

Увозот во април се зголеми за 2,1 проценти на 220,2 милијарди долари, а увозот на услуги достигнува нов рекорд од 41,4 милијарди долари. Уште поважно е сепак е обновата на увозот на капитални стоки, кој пред еден месец достигна најниско ниво од септември 2013-та година.

Извозот расте со 1,5% до 182,8 милијарди долари и претпоставува обновување на побарувачката надвор од границите на САД, како и бледите ефекти од силниот долар. Американските компании увезувале значително повеќе индустриски производи во почетокот на вториот квартал.

Дефицитот во трговијата со нафта се намалува до 3,1 милијарди долари, што е најниско ниво од февруари 1999-та година, и е одговорен за 8,4% од номиналниот дефицит. Во првите четири месеци од годината нафтениот дефицит се намалува со 56,5% во споредба со истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП