2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Twitter меѓу кандидатите за Yahoo?

И Twitter меѓу кандидатите за Yahoo?

yahoo33 tviter33

Веќе можете да го додадете и „Twitter“ кон потенцијалните кандидати за купување на бизнисот на „Yahoo“.

Соочена со бројни проблеми, социјална мрежа на Џек Дорси се сретнала со менаџментот на „Yahoo“ пред неколку недели, за да разговара за спојувањето на двете компании.

За време на средбата шефовите на компаниите имаат поминато неколку часа дискусија за финансиите на „Yahoo“ и дали стратешкото спојување има смисла, дополнуваат тие.

„„Twitter“ е место за добивање на вести во моментот, а „Yahoo“ одамна гледа кон неа. Идејата не е толку луда како што можеби си мислите“, вели еден од изворите.

Претставниците на „Yahoo“ одбиле да го коментираат ова прашање.

„Не коментираме гласини и шпекулации“, вели еден од портпаролите на „Twitter“.

Секундарните понуди за основниот бизнис на „Yahoo“ ќе продолжат да се прифаќаат до почетокот на следната недела, а телекомуникациската компанија „Verizon“ е водечка во овој поглед.

Меѓу другите кандидати се „AT & T“, фондови за учество и основачот на „Quicken Loans“, Дан Гилберт, чија понуда е поддржана од Ворен Бафет.

Луѓето кои се запознаени со оваа тематика тврдат дека дел од понудите достигнуваат 4 милијарди долари, со финансирање на 3 милијарди долари долгови.

Што се однесува до „Twitter“, Дорси има доволно проблеми со својата компанија, вклучувајќи го и слабиот раст на бројот на нови корисници, дополнуваат извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП