2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSnapchat го надмина Twitter по бројот на дневни корисници

Snapchat го надмина Twitter по бројот на дневни корисници

snapchat-video-marketing-642x500111

Познатата апликација за разговори има повеќе од 150 милиони дневни корисници.

Според податоците кои ги објави „Bloomberg“, „Snapchat“ го престигна „Twitter“ зa oколу 15 милиони дневни корисници.

„Snapchat“ стартуваше во 2011-та година, а благодарејќи на честите промени во рамките на сервисот, како што е можноста за играње игри, стана многу популарен меѓу помладите корисници.

Набрзо по основањето во 2006-та година, „Twitter“ стана втората најголема друштвена мрежа, веднаш зад „Facebook“.

Меѓутоа, порастот на другите апликации во сопственост на „Facebook“ , како што се „Instagram“, „Messenger“ и „WhatsApp“ допринесе до тоа „Twitter“ да забележи значителен пад на листата.

Од друга страна, „Snapchat“ е се повеќе популарен – само за споредба, во декември 2015-та имаше 110 милиони дневни корисници.

„Twitter“ моментално брои околу 136 милиони корисници на дневна основа.

Ниту едната, ниту другата компанија се уште не се огласија во врска со оваа информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП