6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Турција е европскиот „шампион“ во поскапување на живеалиштата

График на денот: Турција е европскиот „шампион“ во поскапување на живеалиштата

turzivee1

Турција, Ирска, Исланд и Велика Британија е многу малку веројатно да стигнат понапред во рангирањето на овогодинешното Европско првенство во фудбал. Земјите сепак ги заземаат првите четири места во „шампионатот“ по раст на цените на куќите од 2012-та година, пишува „Guardian“, повикувајќи се на податоци на консултантската компанија „Knight Frank“.

За четирите години од последниот еврошампионат цените на куќите во Турција скокнаа за 65,6%. Втора е Ирска со раст од 34,3%.

Податоците на компанијата покажуваат дека цените на недвижностите се зголемија во повеќето од земјите учесници на Европското првенство во фудбал. Намалување е забележано на шест од пазарите.

Најсилен пад е регистриран во Украина – 22,6% за четири години, проследена од Италија со 13,1%, Шпанија со 7,2% и Франција со 5,7%.

Статистиката ги нагласува разликите меѓу северно- и јужноевропските пазари на недвижности, пишува весникот.

Пазарот на недвижности во Франција претрпе тежок удар поради зголемувањето на даноците и исклучително слабиот економски раст. Експертите истакнуваат дека сепак трендот веќе се менува и во првиот квартал на годината цените забележале прв раст од почетокот на 2012-та година.

turzivee

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП