5 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новото Audi A5 (фото+видео)

Ова е новото Audi A5 (фото+видео)

peticata au

Компанијата „Audi“ официјално ја откри новата генерација на купето „A5“ и на неговата спортска модификација – „S5“. Моделот ја промени платформата, добил зголемено меѓуоскино растојание и ја намалил тежината за 60 килограми. Нова е и палетата мотори.

Новото „Audi A5“ е изградено на модуларната платформа „MLB“, која беше користена и за седанот и караванот „A4“. Ова е втор модел на производителот од Инголштад со новиот систем за погон на четири тркала „quattro ultra“, при што централниот диференцијал „Torsen“ е заменет од електронски управувана спојка.

peticata au1

Покрај тоа кабината е опремена со електромеханички засилувач и опционалниот систем за „активно“ управување на воланот. Таа ја менува силата на воланот во зависност од аголот на вртење и брзината на возилото.

peticata au2

На пазарот во Европа моделот ќе се нуди со избор од 5 мотори – 2 бензински „TFSI“ и 3 дизели „TDI“. Основната верзија е со 1.8-литарски бензински мотор со 177 КС, кој го заменува досегашниот 2,0-литарски со 190 КС. Истиот агретат ќе биде достапен и во форсираната варијанта со 252 КС.

peticata au3

Дизелите се 2,0-литарски, како и 3-литарски во две варијанти, а најмоќниот е со 286 КС. Од „Audi“ прецизираат дека новите агрегати се со 17% помоќни од досега, а во исто време трошат 22% помалку гориво. Тие се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен автоматски менувач со 2 спојки.

peticata au4

Исклучок прави само најмоќната дизелска верзија, за која е предвиден 8-степен автоматски „ZF“. Со него е опремена и спортската модификација „Audi S5“, која се потпира на 3.0-литарски бензински турбомотор со 354 КС. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,7 секунди, а просечната потрошувачка на гориво е 7,3 л/100 км.

peticata au5

Во 2017-та година компанијата ќе понуди и уште побрза и моќна верзија на моделот – „RS5“. Таа ќе добие 3,0-литарски твин-турбо „V6“ бензински мотор, кој ќе развива моќност во редот на 450 КС.

peticata au6

Во опремата на новото „A5“ влегуваат „LED“ матрични фарови, дигитален панел „Virtual Cockpit“ со 12,3-инчен екран на допир, мултимедијален комплекс „MMI“ со 8,3-инчен дисплеј на конзолата кој ги поддржува системите „Apple Car Play“ и „Android Auto“. Благодарение на тоа некои од карактеристиките на возилото (како централната заклучување, на пример) може да се ракува од смартфон.

peticata au7

За доплата клиентот добива безжичен полнач за смартфон и аудио „Bang & Olufsen“, систем за следење лентата на движење и на мртвите зони, камера за препознавање на сообраќајните знаци, адаптивен круз-контрол, кој може сам да управува со возилото во сообраќајот, а исто така и пристап до интернет преку „Wi-Fi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП