19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер Лајф оствари дополнителна добивка за своите клиенти во 2015 година

Винер Лајф оствари дополнителна добивка за своите клиенти во 2015 година

lodo

Како резултат на успешното работење во 2015 година, Управниот одбор на компанијата за животно осигурување Винер Лајф донесе одлука на своите клиенти да им препише добивка во вкупна вредност од 1.078.231 денари, што преставува во просек 1% од износот на инвестираните средства на секој клиент.

Благодарение на успешните инвестициските вложувања изминатата година направени во средства со поголема просечна каматна стапка од онаа која се користи во калкулацијата на производите, Винер Лајф успеа да оствари добивка која ќе им биде исплатена на сите клиенти кои што имаат активна полиса за животно осигурување од три или повеќе години, односно што склучиле договор за животно осигурување во 2011 и 2012 година и ги платиле сите доспеани премии со што се стекнале со право на учество во добивката. Парите од очекуваната добивка ќе бидат евидентирани на сметките на клиентите и заедно со останатите акумулирани добивки во текот на годините на траење на осигурувањето ќе им бидат исплатени по истекот на осигурувањето.

Иако компаниите за осигурување на живот не се обврзани да пресметуваат и препишуваат учество во добивката, Винер Лајф ја продолжува традицијата секоја година на своите клиенти да им обезбеди учество во добивката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП