2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson & Johnson го купува Vogue International за 3,3 милијарди долари

Johnson & Johnson го купува Vogue International за 3,3 милијарди долари

јј 333

Американскиот производител на фармацевтски и производи за широка потрошувачка „Johnson & Johnson“ објави дека нејзината единица за широка потрошувачка го купува производителот на производи за коса „Vogue International“ за сума од 3,3 милијарди долари, со плаќање во готово, пишува „MarketWatch“.

Договорот ги вклучува колекцијата шампони и балсами на „Vogue OGX“, линијата за стајлинг производи за коса „FX“, како и линиите за нега на коса „Proganix“ и „Maui Mosture“.

„Стекнувањето на сите линии од водечките производи за нега на коса на „Vogue International“ кои се продаваат во САД и уште 38 земји во светот, ќе го зајакне нашето глобално присуство во оваа важна категорија“, изјави претседателот на „Johnson & Johnson“, Хорхе Мескира.

„Посветеноста на „Vogue International“ кон квалитетот, иновативноста и преференциите на клиентите го дополнуваат нашето портфолио, додека во исто време претставуваат атрактивни можности за раст во областа на грижата за косата на „Johnson & Johnson““, додаде тој.

„Johnson & Johnson“ објави дека се очекува договорот да биде завршен во третиот квартал на 2016-та година и е предмет на одобрување од регулаторите и други вообичаени услови. Договорот не би требало да влијае на изгледите за продажба или приходи на компанијата за 2016-та година, објавија уште од „Johnson & Johnson“.

Минатата недела стана јасно дека германската „Henkel“ исто поднела понуда за стекнување на американскиот производител на производи за коса. Во трката се вклучија уште конкурентите „Unilever“, „L’Oreal“ и неколку други компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП