23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го потврди оживувањето на Series 8

BMW го потврди оживувањето на Series 8

luso4445

Оживување на „BMW Series 8“ беше потврдено откако баварскиот концерн регистрира неколку трговски марки, под кои ќе се продаваат автомобилите од новото семејство.

Изданието „Auto Express“ пишува дека идната „Series 8“ ќе биде суперлуксузно „GT“ (Gran Turismo), чија задача ќе биде да се натпреварува со моделот „Mercedes-Benz S-Class“. Новото возило ќе треба да излезе најдоцна до 2018-та година, потврдил за весникот извор од компанијата.

Баварците регистрирале неколку марки – „825“, „830“, „835“, „850“, „845“, „860“, „M850“ и „M8“, а според претставник на компанијата ова е направено за да може тие да бидат задржани и никој друг производител да не може да ги користи. Индексите реално одразуваат модели кои ќе се појават во производство.

Се очекува идното „BMW Series 8“ да биде целосно во стилот на концептниот модел „Gran Lusso“, изработен заедно со италијанското студио за дизајн „Pininfarina“. Луксузното купе е изградена врз основа на „Series 7“, а е опремено со 6,0-литарски V12 мотор со моќност од 544 КС. Тој работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП