18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Кои се десетте најголеми медиумски компании во светот?

График на денот: Кои се десетте најголеми медиумски компании во светот?

ge333

Во последната деценија интернетот ги надмина печатените медиуми, претворајќи се во вториот најважен канал за реклама по телевизијата, пишува „Statista“. Подемот на дигиталните реклами влијае и на годишната листа на најголемите медиумски компании во светот, изготвена од „Zenith Optimedia“.

Петте дигитални компании во топ 30 на листата се „Google“, „Facebook“, „Baidu“, „Yahoo“ и „Microsoft“. Тие претставуваат 65% од глобалниот онлајн рекламниот пазар, a во моментов формираат и над една третина од сите приходи генерирани од најголемите 30 сопственици на медиуми во светот. Рангирањето ги вклучува сите приходи од бизнисот кој поддржува рекламирање, вклучувајќи нерекламни приходи, на пример ширење.

Како што покажува табелата, „Google“ ја надминува секоја друга компанија во светот од гледна точка на медиумски приходи, и тоа со многу. Компанијата генерираат десетици милијарди долари секоја година од продажба на реклами во популарните онлајн услуги, најмногу во пребарувачот „Google Search“.

На второ место на листата, со приходи над два пати помали од оние на „Google“, е „Walt Disney“, а на трето е мултимедијалната компанија „Comcast“. Следната дигитална компанија во ранглистата по „Google“ е само на петтото место – „Facebook“. Нејзините приходи сепак се над 5 пати помали од оние на лидерот – едвај 11,5 милијарди долари.

chartoftheday_4943_top_10_media_companies_n

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП