13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров: Вториот камп е подготвен, со нетрпение го очекуваме стартот! (видео)

Лазаров: Вториот камп е подготвен, со нетрпение го очекуваме стартот! (видео)

laza33

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, потврди дека се е подготвено за стартот на вториот камп „Кирил Лазаров 7“, кој очекува да го посетат околу 300 млади ракометари. Лазаров и оваа година го организара кампот во соработка со агенцијата „КМГ спорт“.

За разлика од минатата година, оваа година кампот ќе се одржува во две смени, од 17-ти до 23-ти јуни и втората од 24-ти до 30-ти јуни, а како што потенцира Лазаров, годинава акцентот ќе биде ставен на младите македонски ракометари кои би можеле во иднина да го облечат националниот дрес.

„Што се однесува до кампот, оваа година ќе се фокусираме на македонските деца, иако е интернационален. Околу 70 отсто е предвидено да бидат присутни деца од Македонија. Главен фокус годинава ќе дадеме на стручниот кадар, ќе имаме екстра тренери кои ќе работат, три до четири тренери од странство кои ќе имат предавање за нашите деца и нашите тренери, една додатна вредност која ќе ја промовираме ова лето. Интересот е голем, мене ми е драго, па така решивме да направивме две смени, за разлика од минатата година“, изјави Лазаров во своето интревју за естрадниот магазин Backstage Macedonia.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП