19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIDC ја намали прогнозата за растот на глобалната продажба на смартфони за...

IDC ја намали прогнозата за растот на глобалната продажба на смартфони за 2016-та

smartfoni pazar999

Компанијата за студии „International Data Corp.“ ја намали прогнозата за растот на глобалната продажба на паметни телефони во 2016-та година во врска со слабеењето на побарувачката на големите пазари и во Кина, како и во позадина на очекувањата за пад на годишниот обем на продажба на „iPhone“ за прв пат во историјата.

Сега „IDC“ очекува глобалниот обем на продадените смартфони во оваа година да се зголеми за 3,1% до 1,48 милијарди примероци, додека во март прогнозира скок од 5,7% до 1,5 милијарди примероци.

Прогнозата за продажба на „iPhone“ во 2016-та година, исто така е намалена, а компанијата тврди дека ќе има пад од 2 отсто. Во март „IDC“ предвидуваше дека продажбата на смартфоните на „Apple“ ќе го задржат своето ниво. Сега компанијата очекува продажбата да се намали до 227 милиони во оваа година од 232 милиони примероци во 2015-та година.

Очекуваниот пад претставува „голема промена во однос на растот од претходните години“ и бележи клучен момент за компанијата, најави „IDC“.

Компанијата додаде дека очекува продажбата на „iPhone“ да се врати на растот во 2017-та година, потпомогнати делумно од поевтиниот „iPhone SE“.

Генерално „IDC“, рече дека очекува глобалната продажба на паметни телефони да се зголеми со едноцифрена стапка на големите парази како САД, Западна Европа и Кина во оваа година. Компанијата за истражување очекува уште дека продажбата во Јапонија ќе се намали за 6,4%, а онаа во Канада – со 6,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП