12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајн на Opel Zafira Tourer (фото+видео)

Редизајн на Opel Zafira Tourer (фото+видео)

zafi 00

„Opel“ официјално ја покажа новата „Zafira“. Станува збор за модернизација, која се прави во средината на животниот циклус на моделот. Во случајот сепак обновувањето е целосно и влијае речиси на секој детал во функциите на возилото.

Надворешноста на „Zafira“ сега е инспирирана од дизајнот на новата генерација „Astra“. Ги нема карактеристичниот „бумеранг“ од досегашниот модел, а се појавиле нов оклоп и решетка на ладилникот, а предните фаровите се нудат целосно „LED“ диоди со паметни светла „AFL“ (Adaptive Forward Lighting). Промените во задниот дел се слични – различен оклоп, „LED“ светла и капак.

zafi 01

Внатрешноста исто демонстрира нова визија, а според пораката на „Opel“ подобрувањата ја оптимизираат ергономијата, удобноста и видливоста напред. Се забележува се нова табла и апарати, како и целосно променета централна конзола. Основата новина кај неа е инфо-забавниот систем „Opel IntelliLink“. Тој нуди интеграција на функциите на смартфони и „Wi-Fi“ пристапна точка, а благодарение на допир елиминира голем број од физичките копчиња со кои е опремен се уште актуелниот модел.

zafi 02

Акцент во кабината се и ергономските спортски седишта со сертификат за одобрување од независната германска организација од медицински експерти по ортопедија „AGR“, кои исто ги познаваме од „Astra“.

Инженерите и дизајнерите на брендот успеале да обезбедат дури и повеќе места за складирање во кабината, а багажникот нуди волумен од 710 литри (кај верзијата со 5 места), кои растат до импресивни 1.860 литри по виткање на седиштата од вториот ред.

zafi 03

„Арсеналот“ од електронски помошници е проширен со голем број на дополнителни технологии – функција за препознавање на сообраќајни знаци „TSA“ (Traffic Sign Assistant), индикатор за растојание на возилата кои се напред „FDI“ (Following Distance Indication), предупредување за опасност од судир напред „FCA“ (Forward Collision Alert ), функција за предупредување при опасност од ненамерно напуштање на лентата за движење „LDW“ (Lane Departure Warning), адаптивен круз контрол „ACC“ (Adaptive Cruise Control) и други.

zafi 05

Моделот може да биде опремен со индивидуализирана суспензија „FlexRide“. Информации за палетата на мотори недостасува, но пак се истакнува дека „Zafira“ ќе продолжи да нуди верзии на гас пропан-бутан (LPG) и метан (CNG, компримиран природен гас).

Дополнителни детали очекуваме во следните месеци, кога функционалниот автомобил ќе се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП