19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSolarin: „Rolls-Royce“ меѓу паметните телефони (видео)

Solarin: „Rolls-Royce“ меѓу паметните телефони (видео)

solarin 33

„Solarin“ e наменет за деловните луѓе кои често патуваат, претприемачите и партнерите во финансиските компнании на кои нема да им биде проблем да одвојат околу 16.000 долари за овој уред.

Компанијата „Sirin Labs“ е основана во 2013-та година со цел да развива напреден и безбеден мобилен уред кој ќе биде „Rolls-Royce“ меѓу паметните телефони. Вчера конечно го претставија својот прв смартфон „Solarin“ кој, како што напоменуваат во оваа комапнија, доаѓа со најнапредна технологија за заштита на приватноста и користи енкрипција слична на онаа која во комуникациите ја користи војската – оваа опција се активира со посебен тастер кој се наоѓа на задната страна на телефонот.

Овој уред, нормално, не е наменет за обичните корисници кои сакаат брз телефон со добра камера со кој ќе сурфаат на интернет, снимаат „селфи“ фотографии и објавуваат статуси и слики на „Facebook“ и „Instagram“, туку за деловните луѓе кои често патуваат, претприемачите и партнерите во финансиските компнании, oдоносно на корисниците на кои на прво место им е безбедноста и приватноста во комуникацијата, па поради тоа нема да им биде проблем да дадат околку 16.000 долари.

Од „Sirin Labs“ велат дека „Solarin“ е направен од најдобрите материјали на светот и дека хардверски станува збор за солиден телефон, иако за оваа цена би се очекувал досега најдобриот достапен хардвер. „Solarin“ доаѓа со 5,5 инчен екран, работи на процесорот „Snapdragon 810“ (станува збор за модел кој минатата година беше вграден во некои од премиум телефоните, но веќе некое време е достапна понова и подобра верзија) и „Android“, има 4GB RAM и 128GB меморија која не може да се прошири со мемориска картичка.

Резолуцијата на задната камера изнесува 23,8 MP, но некои од новинарите кои го тестираа уредот велат дека камерата е бавна, а фотографиите не се импресивни. Исто така е критикувана и дебелината и тежината на овој уреди, но дека и сензорот за отисок на прстот претставува потенцијално најголемиот проблем за „Solarin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП