26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo се откажа од малите модели

Volvo се откажа од малите модели

mali33

„Volvo“ се откажува од создавањето и производството на модели чии димензии се помали од оние на компактното семејство серија „40“. Ова го соопшти „Car and Driver“, цитирајќи го шефот на шведската марка Хакан Самуелсон.

Во наредните години „Volvo“ целосно ќе обнови спектарот на возила, како и сите нови модели ќе бидат изградени на две платформи и ќе делат заеднички мотори од семејството „Drive-E“. Возилата со големи и средни димензии ќе ја добијат шасијата „SPA“ која се користи за кросоверот „XC90“, седанот „S90“ и караванот „V90“.

Помалите модели – истата оваа серија „40“, ќе биде изградена на платформата „CMA“. На неа ќе бидат изградени следната генерација на хечбекот „V40“, како и кросоверот „XС40“ чии прототипови „Volvo“ ги покажа во средината на мај. По нив ќе се појават седан и караван, кои исто така ќе имаат индекс „40“ во своите имиња.

Самуелсон додаде дека во компанијата немаат намера да се ограничуваат со претставување на „здодевни“ седани и кросовери, при што претстои во палетата на брендот да се појават и некои „возбудливи и емоционални“ модели. Тоа сепак ќе се случи дури во следната деценија, кога целосното реновирање на палетата на брендот ќе биде завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП