19 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.06.2016

Дневен хороскоп 06.06.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете многу внимателни доколку некој ви понуди ортачка работа. Внимавајте што потпишувате, можна е измама. Нервозата ја пренесувате и на партнерот, па можни се конфликти и расправии околу неважни ситници.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Наполнете се со позитивна енергија, доаѓаат среќни моменти.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поради својата иднина и подобра егзистенција, ги менувате своите принципи. Големата посветеност на домот и блиските лица е она што ве прави толерантни и кон потребите на другите, подготвени сте да покажете повеќе чувства.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Воопшто не мислите на тоа дека наеднаш ја искористувате целата енергија и запаѓате во други проблеми. Тоа е нормално и на секого може да му се случи. Добрите и лошите работи во животот се менуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти. Добро би било да можете да комуницирате полежерно и да не одлучувате за важни работи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

На необичен начин се обидувате да ги промените деловните случувања. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено доколку неодамна сте запознале некоја личност која многу ве интересира. Ве оптеретува зголемениот крвен притисок.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Премногу одолговлекувате кога станува збор за завршување на работата. Вие во моментов најдобро се разбирате со своите најблиски соработници. Ако не сте во добри односи со партнерот, не ја влошувајте ситуацијата со некои постапки кои дополнително ќе го изнервираат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот. Можни проблеми со црниот дроб.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кавгаџии сте и очекувате премногу од вашата околина. Многумина ве критикуваат со причина. Во односот со партнерот е потребно да покажете малку повеќе волја и работите ќе се завртат во ваша корист. Изгледате добро, така и се чувствувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ви се советува да се зближувате со некои лица кои од неодамна ги познавате. Понекогаш сте лаковерни. Ве очекува зближеност во домот и со блиските, а тоа е одличен момент да покажете повеќе чувства.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Одлично сте прифатени од страна на колегите. Сакате по секоја цена да се изборите за нешто што ви припаѓа и можно е со поддршка на оние кои ве сакаат да ви успее планот. Обидете се да го избегнете озборувањето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Еден соработник е подготвен да ви помогне. Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП