17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија бара најмалку 655.000 работници

Германија бара најмалку 655.000 работници

rabotnici

Германските компании преку локалните агенции за вработување бараат 655.000 работници.

„Пазарот на трудот и натаму се развива во позитивна насока. Бројот на невработени во мај во Германија изнесувал 2,66 милиони, што е 80.000 помалку од претходниот месец и 98.000 помалку во однос на истиот период лани“, рече Франк Јирген Вајзе, директор на Сојузната агенција за труд.

Пораснал и бројот на вработени на полно работно време и на неодредено.

Компаниите барат сезонски работници, најмногу во секторот на угостителството, градежништвото и земјоделството.

Падот на невработеноста и растот на бројот на нови работни места е забележан и во оние делови на Германија кои до сега не профитираа од економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП