19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИталијанци го покажаа „убиецот“ на LaFerrari (видео)

Италијанци го покажаа „убиецот“ на LaFerrari (видео)

evantra mazz

„Mazzanti Automobili“ го објави финалниот видеотизер на својот нов модел. Тоа е екстремна верзија на купето „Evantra“ која гои добила додаток „Millecavalli“ кон името.

Во превод од италијански значи „илјада коњи“. Називот е избран случајно – токму таква моќност има новиот 7,2-литарски би-турбо V8 мотор, со кој е опремен моделот. Кај него максималниот вртежен момент надминува 1.200 Нм.

Основачот и директор на италијанската компанија Лука Мацанти го нарече „Evantra Millecavalli“ –  „најбрзиот граѓански суперавтомобил произведен некогаш во Италија“. Според него тој се занимва со досегашниот лидер во овој поглед „Ferrari LaFerrari“ кој има моќен агрегат со 963 КС.

Засега нема други детали за возилото. Стандардната „Evantra“ дебитираше во 2013-та година, а беше опремена со 7,0-литарски V8 мотор со 701 КС. Со тежина од 1300 кг. суперавтомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3 секунди и развива максимална брзина од 350 км/ч. Сигурно „Millecavalli“ ќе биде побрз.

Светската премиера на новото купе ќе се одржи на автосаемот во Торино (8-12 јуни). Во „Mazzanti“ планираат да произведат рачно 25 примероци од возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП