7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците и должат на државата 87 милијарди евра неплатени даноци

Грците и должат на државата 87 милијарди евра неплатени даноци

grcka vlada

Во форма на неплатени даноци, Грците во моментов и должат на државата околу 87 милијарди евра. Ова станува јасно од истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитирано од грчкиот весник „Kathimerini“.

Истовремено, пред сè функционери поднесуваат барања за предвремено пензионирање, за да го забрзаат влегувањето во сила на новите пензиски реформи, усвоени од Владата на Алексис Ципрас.

Околу 40.000 молби за пензионирање веќе биле поднесени, а до крајот на годината нивниот број може да се зголеми до 80.000, пишува „Kathimerini“. Грчката влада договори за време на преговорите со кредиторите еден вид сигурна положба за постојните пензиски исплати. Според договорот намалувањето на пензиите треба всушност да влезе во сила во рамките на следните неколку години.

Волуменот на даночните обврски, сепак има и други причини, се вели во материјалот. Во секој случај тоа е европски рекорд: на секои 100 евра кои ги должат како даноци Грците плаќаат само 45 евра, а вредноста на овој удел постојано се намалува од почетокот на кризата во 2010-та година.

Магичниот круг на даночните обврски од далеку не се должи само на даночната евазија. Грчките даночни власти продолжуваат да се неефикасни при наплатата на даночните средства. Исто така многу луѓе едноставно немаат средства за да ги платат даночните обврски.

87 милијарди евра одговараат во моментов на околу половина од сегашниот годишен грчки БДП. ММФ сака со податоците да го оправда својот став дека Грција не може да застане на нозе без простување на дел од долгот, пишува „Kathimerini“. Таквиот чекор, при што кредиторите губат дел од своите побарувања, засега не е можен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП