21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на 88. место по одлив на пари од мито и корупција

Македонија на 88. место по одлив на пари од мито и корупција

gfi

Според извештајот на американската организација “Global Financial Integrity”, кој го изработи во декември минатата година покажа дека земјите во развој од 2004-2013 година, извадиле од државите незаконско стекнати пари 7,8 илјади милијарди долари.

Секоја година од земјите во развој и пазарите во пораст по илегални канали се одлеваат околу 1.000 милијарди долари од криминал, корупција и затајување на данок, што е многу повеќе од износот кој тие земји го добиваат преку странски директни инвестиции.

Според извештајот Македонија се наоѓа на 88. место со одлив од пет милијарди долари во периодот од 2004-2013 година.

Од регионот Србија се наоѓа на 35. место со одлив на 40,8 милијарди долари, Хрватска е на 40-то место со одлив од 34,5 милијарди долари, Црна Гора е на 108. место од вкупно 149 држави со 2,5 милијарди долари.

Бугарија се наоѓа на 47. место со одлеани 25 милијарди долари, а Романија е на 39. место со одлеани 35 милијарди долари.

На глобално ниво, според извештајон на “GFI” од 2004-2013 година од Кина се одлеани 1.390 милијарди долари, потоа следи Русија со 1.040 милијарди долари, а на трето место се наоѓа Мексико со одлеани 528 милијарди долари.

Според процентуалното учество Суб-сахарска Африка претрпела најголеми загуби во поглед на одлив на капиталот кој во просек изнесува 6,1 отсто од БДП годишно.

Глобалниот, незаконски одлив на пари го сочинува 4,0 проценти од светскиот БДП годишно. Парите најчесто се одлеваат со издавање на фиктивни сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП