3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP во потешкотија поради падот на пазарот на персонални компјутери

HP во потешкотија поради падот на пазарот на персонални компјутери

hp kompani

Слабата побарувачка за принтери и персонални компјутери продолжува да го отежнува производителот на хардвер „HP Inc“. Во своето второ фискално тромесечје компанијата е принудена да го проголта пад на приходите од продажба од 11 отсто или 11,6 милијарди долари. Исклучувајќи ги девизните флуктуации, падот би бил од 5%. Аналитичарите очекуваа приходите да се во износ од 11,72 милијарди долари.

Профитот исто се урива со 11 отсто до 629 милиони долари, но сепак ги надмина очекувањата на аналитичарите, што доведе до раст на акциите со 2%. Нето добивката изнесува 36 центи по акција, додека пред една година беше во износ од 55 центи по акција.

„HP“ успеала да ги намали трошоците во предметниот квартал со околу 10% или 10,75 милијарди долари.

Дион Вејслер, извршниот директор на „HP“, изјави дека воопшто за годината компанијата ќе успее да намали трошоците со над 1 милијарда долари.

Уште во февруари компанијата најави дека ќе го оствари планираното намалување на вработените за 3 илјади позиции во рамките на тековната фискална година, а не за три години, како што беше предвидено порано.

Истовремено компанијата беше попретпазлива во однос на прогнозата и го намали со 4 центи горниот крај на „LONCOD“ кој се движи за заработка по акција до 1,65 долари за акција.

Од ноември, па наваму „HP“ опфаќа производството на хардвер – печатари и компјутери, додека поделбите со поголем потенцијал за иден развој – сервер технологијата и услугите за чување на податоци, се под капата на „Hewlett Packard Enterprise“ (HPE).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП