1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

Мурињо е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

muri

Португалецот Жозе Мурињо во четвртокот и официјално стана тренер на Манчестер Јунајтед, објави Sky Sports News, додека оваа информација сé уште не ја потврдил клубот.

Мурињо (53) на клупата на славниот клуб од „Олд Трафорд“ го наследи Луи Ван Гал, кој доби отказ два дена по освојувањето на ФА купот, што е прв трофеј за Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Алекс Фергусон.

„Специјалниот“, како што е прекарот на Португалецот, во декември минатата година, поради серијата на лоши резултати, доби отказ во Челзи.

Манчестер Јунајтед ќе биде седмиот клуб во кариерата на Мурињо по Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид.

Со исклучок на Леирија, Мурињо со секој од наведените тимови ја освојувал шампионската титула, а со Порто и Интер стана и европски првак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП