Кинеската компанија за електронска трговија „Alibaba“ најави дека регулаторот за хартии од вредност на САД започнал истрага против неа и испитува дали нејзините сметководствени практики не прекршиле федерални закони за хартии од вредност.
„Alibaba“ соопшти во својот годишен извештај до Комисијата за хартии од вредност и берзи дека и обезбедила на агенцијата документи и информации за нејзините политики за консолидација на подружниците и нејзините практики за трансакции со поврзани лица.
Компанијата објави дека обезбедила информации за тоа како податоците за т.н. „Ден на осамени срца“ на 11-ти ноември, за кој „Alibaba“ го објави вкупниот износ на стоките продадени од страна на трговците на нејзиниот сајт.
„Alibaba“ додаде дека доброволно ќе соработува со комисијата и дека истрагата не е показател за нарушувањето на некој закон. Не е јасно дали тоа ќе има влијание врз „Alibaba“, а портпаролот на компанијата засега само ја повтори изјавата пред комисијата.
Акциите на „Alibaba“ се стабилизираат во последните месеци. Цената на нејзините акции скокнаа по нејзината примарна јавна понуда во Њујорк, но падна доста под оваа од првиот ден на тргување поради загриженоста на инвеститорите за пропуштените цели по профитот, забавувањето на кинескиот економски раст и инвестициите на „Alibaba“. Минатата година компанијата избра и нов извршен директор.
Во последниот квартал компанијата забележува силен раст на приходите и покрај пошироките грижи за доцнењето на Кина.
Фокусот на истрагата на комисијата наликува на стравувањата изразени минатата година од некои продавачи на кратки позиции и од консултантската компанија „Pacific Square“. Тогаш „Pacific Square“ покрена прашања за тоа дали „Alibaba“ мора да ја консолидира логистичката подружница – „Cainiao Smart Logistics Network“ од која „Alibaba“ поседува 47%.
Во изјавата кинеската компанија вели дека се обезбедени информации пред комисијата и за сметководството на „Cainiao“.