Спортската поделба на „Renault“ подготви екстремна верзија на хечбекот „Clio RS“. Машината ќе биде претставена за време на претстојното натпреварување од шампионатот на Формула 1 во Монако, но слики од автомобилот веќе се појавија на интернет.

Ако се суди според сликите хечбекот добил аеродинамична форма со големо антикрило и проширени калници. Во салонот е поставен спортски волан со вграден тахометер.

Засега нема технички детали за машината, но се очекува таа да го задржи 1,6-литарскиот бензински турбомотор од стандардниот „RS Clio“. Кај таа верзија тој развива 200 КС и 240 Нм, а при верзијата „Clio RS 220 Trophy“ – 220 КС и 260 Нм. Во втората варијанта вртежниот момент достигнува 280 Нм за кратко време при движење во 4-та и 5-та брзина кај автоматската трансмисија „EDC“.
За новата верзија моќноста на моторот е зголемена со уште 30 КС. Според други информации, сепак екстремниот „Renault Clio RS“ е опремен со 2,0-литарски бензински турбомотор со 275 КС, кој е комбиниран со рачниот менувач од поголемиот „Megane RS“.

За време на трката во Монако викендов, „Renaultsport“ ќе го покаже само концептниот модел, а во случај на позитивни критики од публиката и медиумите ќе се пристапи кон производство на сериска верзија. Не е јасно дали таа ќе се произведува заедно со „Clio RS 220 Trophy“ или ќе го заземе неговото место.