18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар ја одбранија титулата

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата

vardace1

Ракометарите на Вардар на две кола до крајот на домашното првенство и теоретски ја одбранија шампионската титула. Вардар, десеттата титула во клупската историја, ја обезбедија во Автокоманда, со победата над Металург 24-21 (12-8).

Металург успеа на фаворитот да му пружи достоен отпор, но во ниту еден момент не успеа да ја оспори победата на Вардар. „Подолгата“ клупа и расположениот Штербик, кој имаше 16 интервенции, беа клучни за триумфот на „црвено црните“, кои и оваа сезона ја освоија двојната круна.

Стрелците кај Вардар ги предводеа Карачиќ и Душебаев со по пет голови, додека најефикасен на натпреварот беше левиот бек на Металург, Талевски со девет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП