8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Miura го слави 50-тиот роденден (фото+видео)

Lamborghini Miura го слави 50-тиот роденден (фото+видео)

muira 33

Еден од најубавите автомобили во светот, „Lamborghini Miura“, дебитираше во 1966-та година, а се произведуваше се до 1973-та година и сега слави 50-ти роденден. Кога се појави пред половина век, тоа беше најбрзиот сериски автомобил на светот.

Во почетокот силата ја добиваше од 3,9 литарскиот „V12“ мотор со 350 коњски сили, за потоа во 1969-та година силата да му се зголеми за 20 „коњи“, додека финалната верзија „Miura SV“ од 1971-ва година имаше 385 коњски сили.

muira 34

За дизајнот беше задолжена куќата „Бертоне“, а автомобилот во текот на седумте години производство доживеа мали стилски промени.

Во чест на јубилејот, „Lamborghini“ организираше симболично возење по алпските патишта со два примерока од овој автомобил кои се дел од музејот на италијанската компанија.

Автомобилите возеле по познатиот планински превој Сент Бернард во знак на сеќавање за воведните кадри од филмот „The Italian Job“ од 1969-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП