3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault ја покажа новата „Grand Scenic“ (фото+видео)

Renault ја покажа новата „Grand Scenic“ (фото+видео)

scenik 00

„Renault“ ја претстави новата генерација на компактниот модел „Grand Scenic“. Возилото ќе се појави на пазарот подоцна во оваа година, а ќе се нуди во верзии со 5 или 7 седишта.

Автомобилот е изграден на платформата „CMF“, а пораснал во димензии во споредба со својот претходник. Моделот добил панорамски покрив, 20-инчни бандажи, нови браници и „LED“ светла, како и двобојна каросерија.

scenik 01

Волуменот на багажникот веќе достигнува цели 718 литри, што е за 40 литри повеќе од досега. Ентериерот има нови седишта и различен дигитален панел. Постојат два дигитални екрани и информационен систем за забава „R-Link 2“. Компактниот модел е опремен со систем за следење на статусот на возачот, со функција за откривање на пешаците, со систем за екстремно сопирање и адаптивен круз-контрол.

scenik 02

Што се однесува до дизајнот на екстериерот, тој е исполнет во стилот на новата генерација „Scenic“ (достапно само со 5 седишта) и исто така позајмува делови од светот на кросоверите.

scenik 03

Во палетата на мотори влегуваат 6 дизел агрегати, чија моќ се движи од 110 до 160 КС. Има и два бензински агрегати од 115 и 130 КС. Менувачот е 6-брзински мануелен, а автоматскиот со ист број брзини и 7-степен автоматски со две спојки.

scenik 04

Продажбата на моделот ќе стартуваат кон крајот на годината, а цените се уште не е објавени. Производството на новото „Renault Grand Scenic“ ќе биде насочено во фабриката „Жорж Бес“ во Трикастен (Франција).

scenik 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП