17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсилните брендови на Балканот

Најсилните брендови на Балканот

brednovi region 00

„Coca-Cola“ е меѓу најдобрите десет во сите земји. Србија и Хрватска не „увезуваат“ регионални брендови, а Хрватска во исто време е и најголем „извозник“ на брендови. Босна и Херцеговина е најголемиот „увозник“ на регионалните брендови, а Македонија најголем „увозник“ на глобалните брендови.

Сите земји, со исклучок на БиХ, имаат локален бренд на минерална вода меѓу десетте најсилни брендови. „Valicon“ секоја година спроведува истражување за моќта на брендовите од категоријата на стока за широка потрошувачка. Листата е интересна од различни аспекти и нуди можност за донесување на различни видови на заклучоци. Силата на брендовите ја детерминира моќната конкурентност на компанијата, а исто така и на самата економија.

„Valicon“ со задоволство повикува и учествува во дискусии за брендовите и истражувањето на истите, па така ги очекуваме и Вашите коментари.

Тука извлековме неколку интересни заклучоци кои повеќе се однесуваат на локалните пазари и земјите на потекло на топ 10 брендовите во земјите од регионот:

1. „Milka“ и „Coca-Cola“ се меѓу најдобрите десет во сите земји. Успехот во сите земји доведе до двете најдобри позиции и на листата на најдобри брендови во целиот регион.

2. Србија и Хрватска не „увезуваат“ регионални брендови – на листата на двете најголеми земји во регионот се наоѓаат домашни или глобални брендови – во Хрватска има само три, а во Србија четири глобални брендови.

3. Хрватска е најголемиот „извозник“ на брендови – во четири случаи хрватски брендови се меѓу топ 10 во други земји ( „Vegeta“ во БиХ и Македонија, како и „Cedevita“ во БиХ и Словенија). Србија има два („Smoki“ и „Jaffa“ во БиХ), a Словенија еден („Argeta“ во БиХ и Македонија) претставник на листата надвор од своите пазари.

4. Босна и Херцеговина е најголемиот „увозник“ на регионални брендови. Пет од најдобрите десет во БиХ потекнуваат од регионот – два хрватски („Cedevita“ и „Vegeta“), два српски („Smoki“ и „Jaffa“) и еден словенечки („Argeta“) бренд.

5. Македонија е најголемиот „увозник“ на глобални брендови. Само три локални брендови се меѓу топ 10 во Македонија, но и само два регионални („Argeta“ и „Vegeta“). Глобалните брендови заземаа пет позиции – „Milka“, „Coca-Cola“, „Orbit“, „Nescafe“ и „Pepsi“.

6. Сите земји, со исклучок на БиХ, имаат локален бренд на минерална вода меѓу десетте најсилни брендови. „Radenska“ е трета во Словенија, а во Хрватска покрај „Jamnicа“ тука е и „Jana“ (во категоријата негазирани води). „Knjaz Miloš“ е во Србија на петото, а „Pelisterka“ на осмото место во Македонија. Во категоријата води се гледа дека хомогеноста на пазарот е важна за успех на брендот на локално ниво. Пазарот во БиХ е фрагментиран, па брендовите на минерална вода не успеваат да постигнат голема силна на брендот.

7. Кога на крајот, но не и најмалку важно, на регионалната листа можеме да видиме дека успехот на хрватските брендови во локалниот пазар (првите четири позиции во Хрватска се заземени од страна на хрватските брендови), заедно со успех во другите пазари придонесе за првите пет во регионот имаат две марки во оваа земја – „Vegeta“ и „Cedevita“. Меѓутоа, два глобални брендови, „Milka“ и „Coca-Cola“, се наоѓаат на првите две позиции. Во првите пет е и „Smoki“, кој исто така има „извозен“ успех во смисла на моќта на брендот на другите пазари.

brednovi region 01

Гледајќи ги локалните пазари, може да се заклучи дека словенечките брендови се силни во категоријата сокови, хрватските во категоријата на води, а српските во категоријата на слатки – „Smoki“ и „Plazma“ се подобро позиционирани од „Milkа“ на локалниот пазар, а „Jaffa“ и „Smoki“ се единствените српски брендови кои имаат извозен успех. За Србија е карактеристично и тоа дека не „увезува“ регионални брендови, па локалната топ 10 листа на најсилни брендови се наоѓаат исклучиво домашни и глобални брендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП