8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолицијата упадна во седиштето на Google во Париз

Полицијата упадна во седиштето на Google во Париз

goee

Полицијата во француската престолнина Париз упадна во седиштето на „Google“, информираа „BBC“ и „Reuters“.

Вкупно над 100 иследници бараат докази за евентуално прикривање на данок од страна на компанијата. Во операцијата учествувале уште петмина обвинители и вработени од Агенцијата за борба против тешки злосторства.

Голем број на технолошки компании како „Amazon“, „Google“, „Facebook“ и други, се критикувани за тоа што се регистрираат во земји со пониски даноци.

„Google“, која веќе е дел од „Alphabet“ пак е обвинета дека насочува дел од добивката во компании од Ирска до Бермуда.

Во Франција „Google“ може да биде обвинета за неплаќањето на 1,6 милијарди евра од неплатени даноци. Во јануари, компанијата се согласи да плати 170 милиони фунти на Велика Британија, како апарат од спорот за неплатени даноци. Претходно „Google“ плати други 319 милиони евра во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП