4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle следната година ќе ја лансира верзијата на модуларниот телефон ARA (видео)

Google следната година ќе ја лансира верзијата на модуларниот телефон ARA (видео)

aric 33

Откако ги демонстрираше најновите производи и услуги, „Google“ на „I/O“ настанот покажа прототип од модуларниот смартфон „ARA“.

Според сите најави комерцијалниот мобилен телефон „ARA“ би требало да се најде во продажба во почетокот на наредната година, додека програмерската верзија ќе биде достапна веќе наесен.

Познато е дека „ARA“ ќе има шест модуларни слотови за ставање и вадење компоненти кои меѓусебно се компатибилни. Било кој модул може да се постави во било кој слот, а сите се поврзани низ новиот отворен стандард наречен „Unipro“.

Особено е интересно дека „Google“ во проектот успеа да интегрира и гласовни команди, па така за стартување на камерата ќе биде доволно само да се каже: „Okay, Google, start the camera“.

Во меѓувреме и „LG“ успеа да развие концептен модуларен уред, во вид на моделот „LG G5“. Сепак нивниот уред не може да се спореди со широкиот спектар на компоненти кои ги има „ARA“.

Доколку „Google“ успее во овој проект, тоа ќе биде еден од првите големи чекори кон кои ќе се подготвува следната генерација на паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП