25 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗИнспирација од минатото: BMW 2002 зa 21-ви век (фото+видео)

Инспирација од минатото: BMW 2002 зa 21-ви век (фото+видео)

2002 bmw

Баварскиот производител го претстави концептот „2002 Hommage“ по повод одбележување на половина век од лансирањето на прочуеното „BMW 2002“.

2002 bmw 2

„BMW“ и оваа година ја искористи манифестацијата „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“ која традиционално се одржува во месец мај на крајбрежјето на езерото Комо во Италија, и тоа овојпат прикажувајќи ни нов концепт базиран на еден од култните автомобили од историјата на самата компанијата.

2002 bmw 1

Минатата година тоа беше концептот „3.0 CSL Hommage“, со којшто му беше оддадена чест на тркачкото „BMW 3.0 CSL“ коешто пак со успех се натпреваруваше на европските писти во 70-те години на 20-от век, а оваа година фабриката одбележува 50 години од култното „BMW 2002“ и „Series 02“.

2002 bmw 3

Моделот „2002“ беше и прв сериски „BMW“ модел којшто во својата понуда имаше и турбо мотор. Во различни верзии, овој автомобил се произведуваше од 1966-та до 1975-та година, кога беше претставена првата генерација од „Series 3“, којашто потоа стана најпродаван модел под логото на „BMW“.

2002 bmw 4

Концептот „2002 Hommage“ претставува комбинација од дизајн на еден модерен автомобил и по некој дискретен ретро детал, како на пример обликот на предните светла или ознаката „turbo“ на предната маска.

2002 bmw 6

Автомобилот е поставен на 20-инчни алуминиумски фелни, а широките нископрофилни пневматици се сокриени под масивните проширувања на калниците.

Со оглед на тоа дека се работи за дизајнерска студија која е направена со цел да се одбележи златниот јубилеј на моделот „2002“, „BMW“ не се потруди премногу да навлегува во спецификациите на моторот и останатите технички детали, па овојпат останавме покуси за тој дел од приказната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП