14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.05.2016

Дневен хороскоп 23.05.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Смислата за добра проценка на можностите и деловната организација ќе направи ефикасно да ги остварите целите. Свесни сте за своите предности во однос на другите деловни конкуренти и тоа ви влева дополнителна сигурност.  Покрај блиската личност чувствувате емотивна инспирација.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете доволно промислени пред лицата кои ви даваат одредени услови во деловната соработка. Важно е да ги сочувате своите интереси и добриот однос со околината. Потребни ви се нечија искрена поддршка и разбирање. Чувството на емотивна блискост во вас поттикнува позитивно расположение и креативна енергија.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или на строга деловна дискреција. Меѓутоа, вие имате поинакви идеи и нема да дозволите некој да одлучува во ваше име. Понекогаш посакувате повеќе отколку што е можно. Партнерот делува мрзоволно додека ги слуша вашите примедби.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вложувате голем напор, но на крајот не оставате позитивен впечаток на одредени соработници. Побарајте добар совет или нечие посредување во врска со работата која ја обавувате. Нема причина да ги прикривате вашиите емотивни нерасположенија пред лицата кои добро ги познаваат вашите предности и маани.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Нема причина да ги одложувате средбите со соработниците. Сега е моментот да ги забрзате деловните активности или да прифатите нечија понуда. Постои личност за која ве врзуваат заедничките деловни интереси и позитивното искуство. Активирајте се повеќе во некој спорт.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Немојте да дозволите некој да ве оптеретува со погрешни идеи или да ве условува. На вас е на своите соработници да им предложите корисно решение. Некој повремено ве иритира со своето однесување и коментарите, па ќе делувате напнато. Често го губите трпението пред едно блиско лице.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ветувањата кои ги добивате не претставуваат гаранција за деловната добивка. Потребно е да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите своите интереси. Потрудете се да делувате доволно инспиративно пред саканото лице.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух и интереси да ги поддржи вашите идеи. Новите деловни случувања можат да ве претстават во позитивно светло. Покажете дека имате разбирање за саканото лице.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку премногу критикувате нечие однесување, тогаш морате да ги прифатите и можните негативни реакции. Важно ви е да промените нечие мислење за вас. Соработниците ќе ви наметнуваат некакви услови. Избегнувајте провокативни ситуации.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Постојат различни мислења меѓу соработниците. Најдобро е да ги здружите своите интереси со проверениот партнер. Деловниот ризик не ви се препорачува сега кога постојат околности кои не ги познавате добро. Внимателно анализирајте го партнеровото однесување.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Делувате оптимистично и насмевката од задоволство ќе се најде на вашето лице. Речиси се што ќе замислите умеете и да го остварите на добар начин. Прифатете различни можности. Се е можно да остварите доколку сте доволно инспиративни и упорни во своите намери пред саканото лице. Бидете доследни во се.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Делувате мудро и промислено во средбите со соработницте. Нема причина да се однесувате наметливо туку препуштете им и на другите да зборуваат за вашиот успех или во ваша корист. Премногу емотивните возбудувања делуваат провокативно за вашиот партнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП