Приближно 3.390.000 автомобили на јапонските брендови Тојота, Нисан, Хонда и Мазда, ќе бидат повлечени поради неисправното совозачко воздушно перниче.
Постои можност дека воздушните перничиња во овие возила, произведени помеѓу во 2000-та година и 2004-та година неправилно би се активирале поради можните грешки на составот за напумпавање.
Според информациите тие воздушни перничиња биле произведени од иста јапонска компанија која ги снабдувала автомобилските гиганти, стои во соопштението од Министерството за транспорт на Јапонија.
Министерството наведе бројка од 2.920.000 возила, а засега не е јасно од каде е разликата во споредба со бројот кој го презентираа производителите.
Портпарол на Тојота рече дека тие ќе повлечат 1.730.000 возила и тоа 320.000 во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа и 340.000 на други места во светот.