18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако светот ќе се справи со сиромаштијата?

Како светот ќе се справи со сиромаштијата?

siromasni388

10 илјади милијарди долари ќе бидат потребни за искоренување на сиромаштијата во светот до 2030-та година. Ова е една од целите за одржлив развој усвоени од ОН. Основна алатка за нејзино постигнување излегува обезбедувањето на соодветни работни места.

Според Меѓународната организација за труд, за да се случи тоа, треба да се надминат неколку пречки.

Една од нив е тесната економска база или зависноста од извозот на природни ресурси и примарни стоки. Зголемувањето на социјалната нееднаквост исто така го забавува растот и треба да се бараат варијанти за рамномерно распределување на добрини. Добро структурираните и работата на институции кои ги штитат правата на работниците: тоа е од огромно значење за намалување на сиромаштијата.

Посебно внимание треба да се посвети на вработените во земјоделскиот сектор. Да им се обезбедат подобри услови за работа, да се зголеми производствениот капацитет и пристапот до поголеми пазари.

Треба да се промени суштината на економски раст – производствената база во повеќето земји треба да биде продолжена. Комплексниот пристап е шанса да се избори сиромаштијата и да се обезбеди пристојна работа и живот на луѓето.

Речиси 2,5 милијарди луѓе во светот живеат со 3 долари и 10 центи на ден, покажуваат последните социолошки податоци, што ги прави сиромашни. Во последните неколку години сепак борбата со оваа социјална неправда бележи значителен напредок. Убедливо се претствуваат Кина и земјите од Латинска Америка.

Во Европа сепак се регистрира зголемување на сиромаштијата. Во 2012-та година, повеќе од 300.000.000 лица од развиените држави живеат во сиромаштија. Во најголема мера од ова се погодени жените и децата.

Една третина од жителите во крајна и умерена сиромаштија всушност имаат работа, но е многу ниско платена. 80% од вработените луѓе се под прагот на сиромаштијата.

Статистиката покажува дека 80% од луѓето во развиените земји спаѓа во т.н. сиромашни кои добиваат плата, но сепак живеат во релативна сиромаштија. Во четвртиот извештај за невработеноста и социјалните перспективи, а таму се наведува дека сиромашните ќе се намалат ако се обезбедат квалитетни работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП