15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОBBC: Мурињо е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

BBC: Мурињо е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

vbn

Португалецот Жозе Мурињо ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед откако клубот решил да му врачи отказ на Луј Ван Гал.

Британскиот сервис BBC пренесе дека раководните луѓе на Манчестер Јунајтед не се задоволни од Ван Гал бидејќи не успеа да избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, иако во саботата го освои ФА купот.

Манчестер Јунајтед во Премиерлигата и наредната сезона ќе игра во Лига Европа.

Истиот извор наведува дека Ван Гал, кој има уште една година од договорот со Јунајтед, ќе биде отпуштен в понеделник, а наредниот ден клубот ќе го претстави Мурињо.

Португалецот е без работа од декември минатата година кога поради лошите резултати доби отказ во Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП