4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕД-р Басара: Чувањето на матични ќелии е фрлање пари

Д-р Басара: Чувањето на матични ќелии е фрлање пари

mk

Докторката Надежда Басара, директорка на клиниката „Малтешки витези“ во Фленсбург, Германија, тврди дека не е потребно да се чуваат матични ќелии од папочната врвка за трансплантација во случај на тешка болест и според неа, тоа е фрлање на пари.

„Чувањето на матични ќелии од папочната врвка на бебето е непотребно фрлање на пари“, изјавила Басара во интервју за подгоричкиот весник „Побједа“ и наведува дека во светот постојат повеќе од 20 милиони потенцијални донатори, па можноста да се најде соодветен донатор за 20.000 трансплантации годишно, е поголема од 90 отсто.

Басара која е по потекло од Црна Гора и е многу позната по успешно лекување на леукемија и други тешки болести, вели дека секоја земја во Заводот за трансфузија на крв треба да има банка на потенцијални донатори на матични ќелии, кои се добиваат со типизација на возрасни лица од 18 до 50 години, којашто би била вклучена во светската банка на податоци.

Докторката тврди дека на Балканот многу се греши при дијагностицирањето на тешките болести. Според нејзе, не се испитуваат сите фактори важни за примена на одредена терапија.

Во 2015 година на својата Клиника имала 10 тешко болни од Црна Гора упатени преку Фондот за здравство и кај сите е направена успешна трансплантација на матични ќелии.

Докторката Басара исто така предупредува дека маслото од канабис не е никаков лек, ниту терапија во лечењето на малигните болести. „Канабисот е само дрога која краткотрајно ја ублажува мачнината“, изјавила Басара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП