12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОвие каравани се навистина брзи (фото)

Овие каравани се навистина брзи (фото)

karvan 00

Барате автомобил со голем багажник, со кој на најбрз начин ќе дојдете на растојанието од точка А до точка Б. Во исто време, од една или друга причина, не сакате тој да е „SUV“, со какви се наполни пазарот во Европа. Значи ви треба караван, какви исто така ги има многу.

Еве кои се некои од најбрзите автомобили од оваа класа. Во групата се вклучени само европски модели кои имаат јавна супериорност во сегментот.

BMW 535d

karvan 01

Ве вознемирува ли дизелот? Заборавете! 6-цилиндричниот мотор со 300 КС ќе ви обезбеди забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,4 секунди, па ако може да си го дозволите, воопшто не се грижете.

Audi A4 3.0 TDI

karvan 02

Одговорот од Инголштад не е толку моќен и толку голем. Тука 3,0-литарскиот мотор има 240 КС, но пак тој ги гарантира истите 5,4 секунди за забрзување од 0 до 100 км/ч.

Volkswagen Golf R

karvan 03

Опремен е со 2.0-литарски бензински турбомотор со 300 КС кој работи во комбинација со „DSG“-трансмисија. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,1 секунди.

BMW 335d xDrive

karvan 04

Дали се сеќавате на „петките“ во почетокот. Земете го нејзиниот 6-цилиндричен мотор и ставете го на помалата „Series 3“. Додаде го кон него системот „xDrive“ и ќе добиете автомобил кој забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 5 секунди.

Volvo V60 Polestar

karvan 05

Во „Volvo“ се уште не се рашават да го пуштат овој автомобил во масовно производство. Кај новата верзија 6-цилиндричниот мотор беше заменет со 4-цилиндричен со турбина. Така системот веќе обезбедува 370 КС и забрзување од 0 до 100 км/ч е за 4,8 секунди.

Mercedes-AMG CLA 45

karvan 06

Овој мал „шутинг-брејк“ е еден од неколкуте модели на „Mercedes“ во оваа група. Не е најбрзиот, но пак всушност е впачетлив. Тој се потпира на 2.0-литарски турбомотор со 381 КС, што овозможува постигнување на 100 км/ч од место за 4,2 секунди.

Mercedes-AMG E 63 S

karvan 07

Засега новиот караван „Е-Class“ се уште не е достапен на пазарот, затоа се осврнуваме на стариот модел. Багажниот простор е со зафатнина од 2000 литри и има 5,5-литарски „V8“ мотор со 2 турбини. Моќноста од 585 КС овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди. Доста брутално …

Mercedes-AMG CLS 63 S

Mercedes-Benz CLS-Klasse Facelift (X 218) 2014

Уште еден претставник на брендот, чиј параметри се исти како оној на претходниот. Стилот тука е „шутинг-брејк“, што сигурно ќе им се допадне на многумина.

Mercedes-AMG C 63 S

karvan 09

Последниот „Mercedes“ во оваа група е и најновиот, кој се појави на пазарот. Се потпира на 4.0-литарски „V8“ битурбо мотор со 510 КС. Тоа е сосема доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди.

Audi RS6 Performance

karvan 10

Кралот на брзите каравани и како изгледа наскоро нема некој да успее да му ја одземе оваа титулата. Благодарение на своите 605 КС овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,7 секунди – сосема доволно за да вознемири возачот на „Lamborghini“ кој стои до Вас на семафор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП