19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали Goldman го наруши основното правило во инвестицискиот бизнис?

Дали Goldman го наруши основното правило во инвестицискиот бизнис?

goldman

Во средата две активности на водечката американска инвестициска банка поврзани со американскиот производител на електрични „Tesla“, создадоа сериозни негативни реакции на социјалните мрежи.

Прво, аналитичарот од истражувачките единици на банката Патрик Арчембоулт ја зголеми инвестициската проценка на компанијата до „buy“ и им даде ценовна таргет од 250 долари. Само два часа подоцна стана јасно дека „Tesla“ планира продажба на акции во вредност од 2 милијарди долари за финансирање на производството на новиот евтин модел „Model 3“, а еден од двајцата брокери за продажба на новите акции е токму „Goldman“.

Дефинитивно овие вести не изгледаа добро за „Goldman“. Меѓу инвеститорите се појавија сериозни стравувања поврзани со независноста на двете единици – тоа за истражување и тоа за инвестициско банкарство, со оглед на малата разлика меѓу двата настани.

Во принцип основното правило во инвестиционата заедница, познато како „кинески ѕид“, е присуството на целосна разделеност на единиците на една финансиска институција, правење анализи и дава инвестициони проценки, и единицата за работењето со компаниите.

Малата разлика од два часа во појавата на двата настани поврзани со „Tesla“, ги зголемија шпекулациите за „протекување“ и поврзаност на едното решение со другото. Во писмото до медиумите од „Goldman Sachs“ се одбранија, велејќи: „Нашето истражувачка единица е назависна. Ние ги следиме строгите стандарди и политики поврзани со законските и етичките барања кон нашите публикации“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП