18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната месечна нето-плата во март 2016, изнесува 22 053 денари

Просечната месечна нето-плата во март 2016, изнесува 22 053 денари

plata

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2016, изнесува 22 053 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2016 година, во однос на март 2015 година, изнесува 103.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (16.8%), Информации и комуникации (14.6%) и Градежништво (12.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (10.7%), Административни и помошни услужни дејности (9.3%) и Рударство и вадење на камен (6.0%).

Во март 2016 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП