4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАвтомобилот на Google ќе ги лепи пешаците за лимот како муви

Автомобилот на Google ќе ги лепи пешаците за лимот како муви

муви

Американскиот интернет гигант Google поднесе барање за патентирање супстанција за премачкување на каросеријата на неговото возило без возач, кое пешаците, доколку налетаат на него би ги залепил за лимот како муви, со што би се избегнала можноста за повредување со отфрлање на коловозот или тротоарот.

Специјалната леплива облога би се нанесувала на капакот од моторот и на предните амортизери на ударите и браниците. Доколку дојде до удар во пешак, облогата ми се активирала и на површината на возилото би станала леплива предизвикувајќи го ефектот сличен на лепило за инсекти, па пешакот буквално би останал залепен за возилото.

„Лепливата супстанција би го врзала пешакот за возилото, сé додека тоа не се запре со што би се избегнало пешакот да биде отфрлен на коловозот или тротоарот или на други објекти“, се наведува во образложението поднесено од Google. Притоа се наведува дека пешаците на коишто налетуваат возилата трпат дополнителни повреди кога од јачината на ударот ќе бидат отфрлени.

Самоодниот автомобил би можел да се појави на улиците за пет години, изјави на почетокот од мај Серџо Маркионе, сопственик на производителот „Fiat Chrysler“ (FCA) откако го потпиша големиот договор со компанијата мајка на Google – Alphabet. На почетокот од мај Alphabet нарача стотина примероци од хибридниот монуволуменц „Chrysler Pacific“ кој ќе биде тестиран во рамките на проектот возило без возач „Google Car“.

Google започна да ја тестира технологијата на самоодниот автомобил во 2009 година со моделот „Toyota Prius“. Во моментов има 70 возила од други производители, а меѓу нив и сопственото на Google, коешто беше претставено во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП