21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat подготвува спортски кросовер

Seat подготвува спортски кросовер

sportkros seat 98

Компанијата „Seat“ развива спортска верзија на својот прв кросовер „Alteca“, објави „Autoexpress“. Автомобилот ќе го добие додатокот „Cupra“ кон своето име и ќе биде претставен пред публиката на автосаемот во Париз во октомври.

Новиот SUV ќе биде опремен со променeни браници и престилки, различна светлосна оптика и со издувниот систем со две цевки. Во кабината на автомобилот ќе бидат поставени нови седишта и 8-инчен екран на допир.

Автомобилот ќе биде придвижуван од 2,0-литарски бензински турбомотор со 4 цилиндри. Истиот мотор се наоѓа во моделот „Leon Cupra“, а располага со моќност од 295 КС. Кај спортскиот кросовер агрегатот ќе развива 300 КС, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 6 секунди.

sportkros seat 99

Покрај „Alteca Cupra“, шпанскиот производител подготвува и компактен кросовер, во чија основа ќе биде хечбекот „Ibiza“. Тој ќе биде претставен во 2017-та година, а главни конкуренти ќе му бидат „Nissan Juke“ и „Renault Captur“.

Компактниот „SUV“ ќе биде изграден на платформата „MQB“ на „Volkswagen“, па поради тоа ќе добие многу заеднички компоненти со моделот „Taigun“, чие излегување на пазарот претстои. Палетата мотори ќе се состои од 4-цилиндрични бензински и дизел мотори, кои ќе работат во комбинација со 6-брзински автоматски и рачен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП