18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Австралија и недостигаат работници: Овие професии се најбарани!

На Австралија и недостигаат работници: Овие професии се најбарани!

australija-sidnej-foto-profimedia-1461064275-889873

Одделот за имиграција и гранична заштита на Австралија издаде нов список на професии кои им се потребни за 2016-2017-та година.

Меѓу професиите кои се бараат се проект менаџер, индустриски инженер, агробизнис, биомедицински инженеринг, електро инженер, инженер за телекомуникации, сметководител, хемиски инженер, архитект, шумар, ветеринар и учител.

На листата се и професиите, како што се психијатар, педијатар, ревматолог, лекар, хирург, медицинска сестра, анестезиолог, ѕидари, столари, електричари, механичари, социјални работници, психотерапевти и други.

Сите заинтересирани листата на професии може да ја погледнат на официјалната веб страница на Министерството за имиграција.

Оваа листа ќе стапи на сила од 1-ви јули 2016-та година, а се однесува на оние кои аплицираат за виза. Тие вклучуваат работна виза или виза за постојан престој за квалификувани работници, привремен престој за период од 4 години, кога работниците ќе работат во одредени области, по што тие можат да аплицираат за постојана виза и привремена виза за дипломати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП