ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp за Android добива опција за видео повици?

whatsapp

Според информациите на порталот „Fonearena“, неодамнешните тестови на бета верзијата на апликацијата за „Android“ вклучува и опција за видео повици.

Корисниците на „WhatsApp“ веќе една година на располагање ја имаат опцијата за гласовни повици, а наскоро би можеле да користат и видео повици.

Новата опција популарната апликација ќе ја направи сериозен конкурент на гигантските сервиси како „Skype“ и „Facebook Messenger“.

Компанијата се уште не се огласи, а гласините ги поттикнаа фотографии од екран настанати за време на бета тестирањата. Се претпоставува дека новата опција моментално ќе биде достапна само за група корисници, а и дека на сите ќе им биде овозможена веднаш по завршувањето на тестовите.

WhatsApp-video-calling