2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW пушта конкурент на Tesla во 2021-ва година

BMW пушта конкурент на Tesla во 2021-ва година

kontesla 333

Компанијата „BMW“ ќе пушти во 2021-ва година нов електромобил, кој ќе се вика „iNext“ и ќе мора да се натпреварува со „Tesla Model S“. Тоа го објави агенција „Bloomberg“, цитирајќи изјава на шефот на баварскиот бренд Харалд Кругер, направена на годишното собрание на акционерите во Минхен.

Според зборовите на Кругер идниот „iNext“ ќе добие систем за автономно движење, олеснета конструкција, модерна електрична трансмисија и целосно нов ентериер. Според шефот на „BMW“ тоа ќе биде „електромобил од новата генерација, која ќе се појави на патиштата“.

Компанијата исто така предвидува да развие и целосно електричен кросовер, но конечната одлука по ова прашање уште не е донесена. Ако проектот добие „зелено светло“, тогаш баварците ќе располагаат и со конкурент на „Tesla Model X“. Тој ќе се произведува во фабриката во Спартенберг (САД), каде се составуваат кросоверите „X3“, „X4“, „X5“ и „X6“.

Генерално баварците предвидуваат да електрифицираат цела палета модели, некои од нив ќе добијат хибридни, а други целосно електрични агрегати. Целта пред компанијата е во 2020-та година просечните нивоа на штетни гасови „СО2“ кај новите автомобили на „BMW“ да биде 95 g/km.

Германскиот производител веќе е подготвен со прототип на нов систем за полнење која ќе ги полни акумулаторите на електричните и хибридните модели за помалку од 2 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП